| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува доминацијата на Севилја, пехарот останува во Андалузија (видео)

sevilla-LE-2016-champions

Севилја трета година по ред ја освои титулата во Лига на Европа, откако вечерва во Базел, по фантастичната игра во второто полувреме, го совлада Ливерпул со 3-1.

Две комплетно различни, неверојатни полувремиња видовме вечерва во финалето на Лига на Европа. Тимот на Ливерпул непрепознатлив во второто полувреме, ако се земе в предвид дека првите 45 минути ги одигра одлично. Тимот на Клоп дојде до водство во 35. минута со прекрасниот гол на Даниел Стариџ. Кутињо ја започна акцијата по средината на теренот, го проигра Стариџ, кој прецизно ја пласираше топката во спротивниот агол на голот.

liverpool-sevilla-sturridge

Но, во вториот дел комплетно поинаква слика на теренот. Уште на самиот старт Севилја израмни преку Гамеиро. Мариано практично ја заврши целата работа, направи одличен продор по десната страна и го проигра Гамеиро, кому не му беше тешко од два метри да бие во празниот гол за 1-1.

liverpool-sevilla-gameiro

Брзиот израмнувачки гол целосно ја поремети играта на Ливерпул, кој беше непрепознатлив во второто полувреме.

Севилја продолжи со агресивната игра, постојано се закануваше кон голот на Мињоле и беше далеку подобар противник на теренот. Наградата стигна најпрво во 64. минута, откако по долгата акција по левата страна, после неколку комбинации, Коке упати силен удар од 18-тина метри и постигнува гол за пресврт (1-2).

sevilla-lierpool-coke-goal-1

Само шест минути подоцна, нов шок за Ливерпул, капитенот Коке уште еднаш бие прецизно за конечни 1-3 и нова титула за Севилја, трета во низа, а вкупно петта во последните 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top