Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оствари средба со заменик-помошникот државен сектратар на САД задолжен за прашања за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји.
На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државта во поглед на реализација на интеграциските процеси.
Груевски посочи дека партијата е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.
Соговорниците разговараа и за реформите за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграциските состојби. Груевски посочи дека приоритет се чекорите кои се поврзани со акцискиот план на ЕУ во насока на континуирано унапредување на стандардите во повеќе области поврзани со интеграциските процеси.
Тој, исто така, истакна дека приоритет останува и развојот на економијата, отворањето на нови работни места и заштита и унапредување на животниот стандард останува главна задача во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а стратешки интерес останува членството во НАТО алијансата како и интеграцијата во Европската унија, при што е исклучително важна поддршката од различните партнери во остварувањето на зацртаните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)