| четврток, 6 декември 2018 |

Со головите на Изаир Емини, „Кукеси“ се квалификуваше во Лига Европа

Изаир Емини, македонски репрезентативец, со два гола во дресот на „Кукеси“ ја заврши сезоната во Албанија, објави „Спорт медиа“. „Кукеси“ во последното коло во албанската Супер лига со 2-1 славеше над Тирана и обезбеди пласман во квалификациите за Лига Европа како третопласиран на табелата. Двата гола за домаќинот ги постигна токму Емини, во 65 и 82 минута, а за гостите погоди Бакај во 84 минута.

Покрај Кукеси, во Лига Европа ќе игра Партизани, додека шампион на Албанија е Скендербег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top