| четврток, 6 декември 2018 |

Втора фабрика на „Ван Хол“ во Бунарџик, инвестицијата 17 милиони евра

­van

Во ТИРЗ Бунарџик денеска беше поставен камен темелникот на новите производствени погони за автобуси на белгиската компанија „Ван Хол“ со кои двојно ќе се зголеми капацитетот.

van2

Инвестицијата во вредност од 17 милиони евра ќе се спроведува во три фази. Во првата фаза, како што кажа потпретседателот на компанијата Филип Ванхол, во септември годинава ќе се заврши магацинот. Во втората фаза во април 2017 година е предвидено отворање на четири нови производствени линии со кои двојно ќе се зголеми капацитетот за производство на автобуси, а во третата фаза во август 2017 година ќе биде изградена дополнителна комора за фарбање автобуси.

van3

-Во новиот капацитет се предвидени 450 директни и околу 100 индиректни вработувања. ­ Поставувањето на камен темелникот на вториот производствен погон на компанијата „Ван Хол“ во Македонија е уште еден доказ дека економските политики на Владата за привлекување странски инвестиции даваат резултати и компаниите ја препознаваат земјава како одлична бизнис дестинација – рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

van4

Тој ја исткана компанијата „Ван Хол“ како позитивен пример за соработката помеѓу странските и домашните компании и нагласи дека имаат соработка со повеќе од 300 домашни фирми, а како конкретен пример ја посочи соработката со штипска Актива која како резултат на соработката во 2015 година отвори потполно нова фабрика во зоната во Штип со 300 вработувања.

van5

-Компаниајта со започнувањето на изградбата на својот втор погон покажува дека РМ ја гледа како место во кое нејзините инвестиции се сигурни, а доказ за тоа е дека освен тука имаат производствени погони само во матичната земја, Белгија – нагласи Пешевски.

van6

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо исткана дека во првата фаза „Ван Хол“ инвестираше 25 милиони евра на површина од 39 илјади метри квадратни и го изгради производствениот погон кон крајот на 2013 започна со производство на автобуси на кои пишува производени во Македонија. ­

van7

-Досега компанијата има извезено над 1.000 автобуси, а во процес на производство се 137. Компанијата првично планираше да креира 400 работни места, но денеска во неа се вработени 825 лица – рече Мизо.

van8

Со изградбата на новиот производствен капацитет, додаде површината на компанијата ќе се зголеми повеќе од двојно, а бројот на производните линии ќе биде дуплиран со што ќе се зголеми производството на автобуси на годишно ниво, а бројот на вработените ќе достигне над 1.200. На поставувањето на камен темелникот присуствуваше и лидерот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски.

van9

van11

van12

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top