Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против лицето А.М. (34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела измама.
Во текот на месец мај 2016 година три лица од Велес оствариле контакт со пријавената А.М. со цел да се информираат за вработување во Фабриката за автобуси „Ван Хол“, за што од страна на пријавената им биле прикажани лажни факти дека ќе им обезбеди вработување во наведената фирма. За наводната услуга пријавената на лицата им побарала паричен надомест од 500 евра по лице. Од страна на трите лица на пријавената лично и била исплатена побараната сума на пари, но, до денот на пријавувањето на крвичното дело во СВР Велес, измамените лица не се повикани на разговор или вработени во Фабриката за автобуси „Ван Хол“, како што било договорено, ниту пак, им се вратени паричните средства.
Против пријавената А.М. претходно не се поднесувани кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.