Екипата на Кливленд Кавалирс поведе со 1-0 во финалето на Источната конференција откако ноќеска славеше на отворањето на серијата против Торонто со 115-84.
Кавси со тоа ја продолжуваат доминацијата на Истокот, стигнувајќи до деветтата победа, а досега немаат ниту еден пораз во доигрувањето.
На одговор на прашањето околу победникот на мечот не се чекаше долго, со оглед на тоа што Леброн Џејмс ги погоди првите десет шута, а мечот го заврши со 24 постигнати поени, шест скока и четири асистенции. Најефикасен беше Кајри Ирвинг со 27 поени, а Кевин Лав дополни со 14 поени.
– Мислам дека нема да се опуштиме. Имаме своја цел, а тоа не е да победиме девет пати по ред. И претходно сме победувале девет пати, па и 14, но сега ќе следат вистинските предизвици и затоа не смее да има опуштање – вели Леброн.
На спротивната страна најдобар беше Демар Дерозан со 18 поени, а Лаури имаше 8 поени.
Вториот натпревар од финалната серија на Истокот се игра во четврток, исто така на теренот на Кливленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)