| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед со победа ја заврши сезоната во Премиер лигата (видео)

Натпреварувачката сезона 2015/2016 во Премиер-лигата и официјално е завршена, откако Манчестер јунајтед вечерва во последната средба славеше над Бурнемаут со 3-1. Неделниот натпревар што беше одложен поради лажна тревога за бомба на „Олд трафорд“ се одигра вечерва, а „црвените ѓаволи“ без оглед на фактот дека немаше преголемо резултатско значење успеаја да стигнат до трите бода.

Јунајтед имаше невозможна мисија да дојде до местото кое води во Лигата на шампионите, но мораше вечерва да слави победа со 19 гола разлика!
Сепак тоа ни од далеку неможеше да се случи, па досадното првополувреме го размрда Вејн Руни со својот јубилеен 100.гол во кариерата во дресот на „црвените ѓаволи“ во премиерлигашките настапи на „Олд Трафорд“.

На асистенција на Вејн Руни на 2-0 зголеми Рашфорд во 74. минута, додека третиот гол беше дело на Ешли Јанг (повторно на асистенција на Руни), што сепак беше недоволно за да се обезбеди пласман во ЛШ следната сезона. Конечните 3-1 во самиот финиш ги постави Смолинг со автогол во сопствената мрежа.

Тимот предводен од Луј ван Гал ја заврши сезоната со ист број бодови како и градскиот ривал Манчестер сити, но поради послабата гол-разлика наместо во квалификациите за ЛШ, следната сезона ќе ја стартува во Лигата на Европа.

Сепак Манчестер јунајтед може да ја спаси слабата сезона со трофеј, ако успее да триумфира во финалето на ФА купот на Англија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top