| четврток, 6 декември 2018 |

Руското „Предавство“ на Дејан Лилиќ го затвора Скопскиот филмски фестивал

Со Предавство (Измена),  рускиот филм во кој глуми познатиот македонски актер, Деајн Лилиќ ќе го затвори овогодинешниот Скопски филмски фестивал. Филмот се снимаше во Русија во октомври и ноември 2011 година.  Режисер е Кирил Серебреников, кој реши во новиот филм да покани актери кои не потекнуваат од Русија. Покрај Лилиќ, кој ја има главната машка улога, странец во филмот е и германската актерка Франческа Петри,која се појавува како главен женски лик. Во филмот се појавува и руска пејачка, членка на грипата Виагра, која, според режисерот, се покажала како одлична актерка. Тоа е Аљбина Џанабаева.

Lilik-Izmena-4

Во Предавство  преовладува љубовта. Режисерот вели дека му е преку глава од историски и мрачни филмови, поради што сметал дека е потребно нешто поинакво во руската филмска уметност. За содржината на Предавство  ќе каже:

-Филмот е исклучиво за љубов. Во него не се обработува социјална тема. Ние го анализиравме процесот на прељубата, нашата приказна е за тоа како маж и жена кои претходно не се познаваат случајно доаѓаат до заклучок дека нивните втори половини спијат заедно. Нејасно е каде се случува дејствието и во кое време…  Снимени се многу еротски сцени со македонскиот актер. Ова е филм за љубовта и љубомората, за предавството и простувањето. Филм за неверството, но и немоќта да се живее без љубови, со сите оние убави и лоши моменти кои таа ги носи.

Драмата започнува со кадри од среќниот живот на едно семејство – маж, жена и син. Но нивниот мирен и спокоен живот ќе се промени преку ноќ. Мажот ќе реши да оди на контролен преглед на срце, но во очекување докторката да му каже дека е здрав и нема никакви проблеми, дознава нешто сосема друго -докторката ќе му каже дека неговата сопруга спие со нејзиниот сопруг. Иако не сака да поверува во суровата вистина, не може да избега од фактот дека тоа навистина му се случува. А луѓето кои се соочени со неверството имаат чуство дека го губат тлото под нозе. Филмот оваа метафора ќе ја претвори во слики. Предавството и измамата болат, но не значат и крај на животот, туку почеток на еден нов, поинаков живот. А оние силните имаат тенденција да не го бараат одговорот на прашањето Кој е виновен, туку на прашањето Што да правам. Неверството боли, но само ако го доживееме може да не потсети што е тоа љубов.

Lilik-Izmena-5

Лилиќ за филмот вели:

– Филмот е урбана човечка драма што зборува за љубов, неверство, приказна за еден нормален човек кој се наоѓа во најдраматичниот момент во неговиот живот. Презадоволен сум од ангажманот. Се работеше многу професионално. Серебреников е перфекционист. Научив многу. Немав среќа со домашните филмови, но еве неочекувано добив шанса да глумам во руски филм.

Lilik-Izmena-6

Со овој филм Лилиќ ја претстави земјата на фестивалот во Венеција. Про­ше­та на цр­ве­ни­от ки­лим во Ве­не­ци­ја, го по­чув­ству­ва гла­му­рот на филм­ска­та умет­ност, ја за­пи­ша Ма­ке­до­ни­ја во исто­ри­ја­та на 69. из­да­ние на го­ле­ми­от филм­ски фе­сти­вал. Режисерот Серебреников за улогата на Лилиќ рече:

 –Тој е го­лем актер, ви­стин­ски из­бор, акте­рот што ни тре­ба­ше.

Lilik-Izmena-7

Ли­лиќ и не­го­ва­та парт­нер­ка Фран­ци­ска Пе­три во фил­мот збо­ру­ва­ат ру­ски. Но, се­пак, по­ра­ди ак­цен­тот, тие се син­хро­ни­зи­ра­ни.

Акте­ри­те не зна­ат ру­ски. Зна­е­ја за што се збо­ру­ва во нив­ни­те реп­ли­ки, но ги учеа по­ве­ќе по звук за да мо­жат да оста­ват ви­зу­е­лен впе­ча­ток на екран. По­тро­шив­ме мно­гу вре­ме за да ги нај­де­ме ви­стин­ски­те гла­со­ви за да се син­хор­ни­зи­ра­ат и тој глас да би­де бли­зок до нив, вкло­пен со ли­кот – до­да­ва ре­жи­се­рот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top