| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја репризира македонската приказна: Хрватска со вето за Србија

Хрватска, која се приклучи на ЕУ во јули 2013 година стана главна пречка на патот на Србија кон ЕУ, оценува Марко Кмезиќ, предавач и виш истражувач во Центарот за југоисточно-европски студии на Универзитетот во Грац, Австрија во својот текст објавен на ЕУРОПП. Северниот сосед на Србија се жали дека официјален Белград нема остварено доволен напредок во две од преговарачките поглавја поврзани со владеењето на правото. Кмезиќ посочува дека Хрватска е осамена помеѓу земјите членки во актуелизирањето на ова прашње, но сепак очекува дека Србија треба да одговори на ваквите обвинувања од страна на Хрватска доколку сака интегративниот процес да продолжи.

horvatiya-ne-pustila-serbiyu-v-es

Главната забелешка на Хрватска се состои во слабата соработка на Србија со меѓународниот суд во Хаг, непочитувањето на хрватското малцинство во Србија, како и оценката на официјален Загреб дека српските судови имаат универзална јурисдикција за воените злосторства извршени во делови на поранешна Југославија.
Според оценката на Кмезиќ, Хрватското вето не само што го ослабнува кредибилитетот на пристапниот процес, туку исто така го намалува влијанието на ЕУ врз клучните домашни реформи кои треба да бидат реализирани од Србија. Ова е причината зошто е важно ЕУ да интервенира за да не дојде до понатамошна ескалација на ова прашање кое води кон демократско застранување и отворање на нови регионални тензии на Балканот.

Како што е образложено во една неодамнешна студија на BiEPAG, ЕУ треба да се однесува кон билатералните прашања кои се однесуваат на земја-членка отворено и да се обидува да ги олесни преговорите главно преку Комисијата.

Ова треба да се направи што е можно порано во процесот на интеграција, со цел да се спречи една од страните во спорот да добие асиметрична власт над другата. Сепак, како што се гледа во случајот на Македонија, каде што пристапот на земјата во ЕУ е блокиран скоро една деценија, како последица на остриот спор со името со Грција, ЕУ е институционално воздржана кога станува збор за посредување за решение кое вклучува земја кандидат за членство во ЕУ и земја членка, пишува Кмезиќ.

Marko Kmezic

Македонската лекција треба да биде земена во предвид и во случајот со Србија. И покрај очекуван бесен одговор од Белград, српската влада, сепак, треба да дејствува во насока што е можно побрзо да се одговори на загриженоста на Хрватска, додека таа не е предмет на жестока домашна дебата.

Ова ќе значи укинување на својот закон за универзална јурисдикција за воени злосторства извршени во поранешна Југославија, особено имајќи предвид дека воспоставената соработка меѓу регионалните јавни обвинителства го има истиот ефект во пракса, кога станува збор за судење на воените злосторства. тогаш оваа едноставна и релативно лесна политичка акција треба да биде признаена од страна на ЕУ како начин за отворање на спорните поглавја во преговорите, заклучува Кмезиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top