Истражувачите од Универзитетот во Тексас, САД, утврдиле дека редовното пиење кафе кај посилниот пол го намалува ризикот од еректилна дисфункција. Анализирајќи ги навиките кај 3.724 мажи постари од 20 години, американските научници утврдиле дека само две испиени шолји кафе дневно ја намалуваат можноста за настанување на ова нарушување за дури 42 отсто.
Според нивните заклучоци, внесувањето кофеин помага во ширењето на крвните садови и го подобрува протокот на крв, што важно влијае за постигнување ерекција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.