Сексот е одличен за кожа, изјави 69-годишната холивудска актерка Сузан Сарандон во интервју за магазинот „Ју“, кога ја прашале да ја открие тајната на својата убавина.
Актерката, која во октомври ќе полни 70 години рече дека некој неодамна и кажал дека „личи на помладата Сузан Сарандон“ и додава дека таа младоликост ја задржала поради здравиот начин на живот.
Освен заштита од сонце, секојдневно вежбање, изгегнување пушење цигари, Сузан додава дека и позитивниот однос кон животот е важен еликсир на младоста.
– Мора да се грижите за себе. За да останете млади и здрави, треба да ги исфрлите од животот сите токсични работи и токсични луѓе. Смејте се и имајте секс, ако сте доволно среќни да го добиете, и тоа е важно – рече Сарандон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.