Фестивалот во Кан го собра го собра кремот на славните личност. Сепак се чини дека најголемата филмска смотра стана бојно поле. Имено, Сузан Сарандон го обвини Вуди Ален дека е лош човек кој сексуално го злоставувал своето дете! Сузан присуствуваше на една отворена женска дебата на која јавно го изнесе своето мислење за славниот режисер. На прашањето што мисли за тоа дека Вуди Ален немал добар материјал за филм во кој постара жена се вљубува во помлад маж, актерката јавно ги изјави следново: „Немам добро мислење за Вуди Ален, мислам дека не би требало да зборуваме за тоа. Тој е човек кој сексуално го злоставувал своето дете“ – изјави актерката.
Ален никогаш не признал дека тоа го направил, иако неговата ќерка го обвини за тоа. Кон сето тоа се приклучи и нејзиниот брат Ронан кој ги замоли медиумите да не копаат по работи кои се случиле во деведесеттите години. Инаку, Вуди Ален во една прилика овие обвинувања ги нарече смешни и додаде дека Миа Фароу ја навела нејзината ќерка да го нападне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал