| четврток, 6 декември 2018 |

Сузан Сарандон „го откачи“ пингпонгарот

Susan Sarandon Kicks Off SPiN New York's East Hampton Pop-Up At c/o The Maidstone HotelОскаровката Сузан Сарандон го остави нејзиниот 30 години помлад партнер, поради телевизиско реално шоу, објавија денеска медиумите во САД.

68 годишната Сарандон пет години беше во врска со 37-годишниот Џонатан Бриклин, сопственик на пинг понг клуб во Њујорк, но неодамна прекинала со него, затоа што тој се согласил двојката шест месеци да учествува во една телевизиска програма во живот, каде се снимаат секојдневните и банални активности на учесниците.

Актерката тешко ја поднела идејата за загрозување на нејзиниот приватен живот, сметајќи дека присуството на телевизиските екипи би ја уништило нивната врска.

Реалното шоу „Connected“ треба да почне да се прикажана во САД на 31 март.

Сузан Сарандон освои Оскар за најдобра женска улога во филмот „Dead Man Walking“ во 1995 година. Меѓу нejзините најпознати филмови се и „Телма и Луиз“ (1991) и „Вештерките од Иствик“ (1987).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top