| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Брисел: Затворските работници го демолирале Министерството

Повеќе десетици белгиски синдикалисти и вработени во затворските установи упаднаа во зградата на Министерството за правда во Брисел и оштетиле дел од канцелариите.

Тие веќе три недели штрајкуваат барајќи крај на мерките за штедење и подобри услови за работа.

Полицијата интервенираше со солзавец за да ги истера демонстрантите од зградата на Министерството.

Немирите почнаа така што повеќе од стотина луѓе го блокираа влезот во зградата на Минстерството, а потоа на сила била срушена вратата и влегле внатре, оштетувајќи ги прозорците и мебелот.

Преговорите на Владата на Белгија и синдикатот се обиделе да преговараат за завршување на штрајкот, но преговорите западнале во ќорсокак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top