Генералниот секретар на НАТО официјално му ја врачи на Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.
– Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз, рече генералниот секретар по потпишувањето.
Премиерот Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите за добрососедство.
-Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска, рече Заев.
Бидете уверени, додаде, дека нашето членство ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан
-Како идна 30 земја на Алијансата подготвени сме да дадеме позитивен пример и да придонесуваме за обликување на Западниот Балкан во мирен, просперитетен и демократски регион, додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.