| четврток, 6 декември 2018 |

Прашање на едно девојче ја изненади Анџелина Џоли

Анџелина Џоли гостуваше во една емисија на „Би-би-си“, а темата беше кризата со бегалците во Европа. Имало расправа и во еден момент со прашање се вклучило и едно девојче. Прашањето прво ја збунило холивудската ѕвезда, а потоа таа и одговорила на вистински начин.

Прашањето го поставила Паулина (12), која пред шест години со родителите се преселила од Полска во Велика Британија. Нејзне ја интересирало како да се подобри интеграцијата на младите имигранти во различните сфери на општеството.

profimedia-0285009914_1

– Мислам дека најдобро нешто што можеш да направиш е да бидеш добар пријател, посебно во творите години. Училиштето е тешко само по себе, дури и без сиот тој труд да се вклопиш – порачала Џоли.

profimedia-0285073814

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top