| четврток, 6 декември 2018 |

Брутален спортски лов на бегалци (ВИДЕО)

Група насилници од Бугарија, за викенди одат во “лов на бегалци” во оваа земја, за што сведочат и снимките кои постојат на ЈуТјуб.

„Бугарски насилници бркаат бегалци” – така гласи насловот на текстот кој таблоидот Билд го објавил за ситуацијата во Бугарија, или како што пишува на почетокот на текстот, „на новата балканска рута”.

Весникот следел тројца членови во патрола во брдското подрачје Странџе на бугарско-турската граница. Тие се викаат: Јуриј, Иван и Дано, носат маскирани униформи и војнички чизми.
gfhdfhjf-56025

Тројцата бараат инвазиска група – и никогаш не го споменуваат зборот бегалци. Јуриј, кршејќи гранки, бесно вели: „Сите нив ги покани Германија. А оние кои ги фаќаме, ги враќаме назад во Турција”, пренесува весникот.

Весникот понатаму наведува дека во Бугарија кон граѓанските патроли не се приклучуваат само припадници на радикалната десница. Организациите за заштита на човековите права зборуваат за стотина луѓе кои редовно одат во лов на бегалци. Некои тоа го прават секој ден по работа, некои само за викенд.

-За нас ова е некој вид на планински спорт, а истовремено ја браниме нашата татковина. Ги браниме нашите семејства”, вели Иван.

Тој со себе носи нож, „секогаш на дофат на рака”. Тука има и солзавец и пендреци.

-Доколку не нападнат, ќе мора да се браниме, тврдат ловците на мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top