На српската ракометна репрезентативка Андреа Лекиќ денеска успешно и беше извршен хируршки зафат на Ахиловата тетива на десната нога. Операцијата беше извршена во „Нео Хоспитал“ во Турку, Финска, објави официјалниот сајт на ЖРК Вардар.
Средниот бек на Вардар подолго време имаше проблеми со тетивата, а посериозна болка почувствува по полуфиналето со ЧСМ Букурешт, во Будимпешта.
Во консултација со доктор Зоран Ханџиски, но и со специјалистот за тетиви од „Нео Хоспитал“ во Турку, каде што беше оперирана, дојдоа до заклучок дека ова е најпогоден момент за оваа операција.
На Лекиќ сега ѝ претстои период на рехабилитација, според проценките околу два месеца.
Подготовките за следната сезона ЖРК Вардар ги најави за крајот на јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Грчкиот претседател имаше успешна операција на срцето
-
Вардарки тргнуваат по историска победа против Ѓер: Добро е што играме со нив, имаме шанса да им вратиме