| четврток, 6 декември 2018 |

По инструкциите од гаражата на Мерцедес, сепак Розеберг е виновен за инцидентот?!

rozberg volan

Возачите на Мерцедес ја предводеа колоната на болиди зад себе само два свиока, а потоа трката за Големата Награда на Шпанија заврши за нив. Розберг напредна по првиот свиок, а обидот на Хамилтон за да ја врати позицијата со која ја започна трката заврши кобно за двајцата. Потегот на Британецот го обвинија сите. Место за продор кон првата позиција немаше, а невнимателниот потег го осиромаши Мерцедес за 43 бодови.

Официјалните лица одлучија да не им поделат казни, како што не беше случајот со Магнусен (10 секунди по финиш и два негативни бодови). Ники Лауда веднаш го осуди потегот на Хамилтон, а приказните кои доаѓаат од гаражата на Мерцедес го тврдат сосема спротивното.

На воланот на Германецот, покрај огромниот број на копчиња, има и неколку лепенки со дополнителни инструкции за стратегијата која тимот ќе ја користи во текот на трката. Наместо селектирање на модот „СТРАТ 3“ што ќе значеше опфаќање на сите погонски единици со кои Розберг ќе имаше повеќе сила, а со тоа и повеќе брзина Германецот остана на „СТРАТ 12“ што го остави без брзина токму пред четвртиот свиок. недостатокот од сила резултираше со побавно затворање на свиокот што не му остави простор на Хамилтон.

На снимките од болидот на Хамилтон јасно се гледа како на неговиот волан е вклучена сијаличката за дожд која дава знак дека возачот пред него е во мод на зачувување на енергија што значи намалување на силата на болидот. Хамилтон бил свесен за грешката на тимскиот возач, а обидот да профитира на грбот на невнимателниот Розберг ги чинеше пласман и важни бодови првпат по 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top