Со првиот натпревар во „Оракл Арена“ во Оукленд започна финалната серија во западната конференција меѓу актуелниот шампион во НБА лигата екипата на Голден стејт и Оклахома.
Гостите направија изненадување победувајќи со 108-102 и веднаш на стартот со брејк поведоа со 1-0 во серијата подобар од четири.
Оклахома одигра одлично второ полувреме, а особено тоа важи во последниот период, кога го задржаа домашниот тим на само 14 поени. Гостите во еден период од натпреварот имаше и негатива од 14 поени разлика, но успеа да се врати во финишот и да дојде до значајна прва победа и тоа на теренот во „Оракл арената“, каде ниту еден тим досега не славеше во плеј-офот.
Расел Весбрук промаши девет од своите први десет шутеви од поле, но плејмејкерот на Оклахома потоа експлодираше во третиот период, постигнувајќи 19 од вкупно 38-те поени на својата екипа. Сепак, пресудна беше одличната одбрана што гостите ја одиграа во последната четвртина, во која Голден стејт постигна само 14 поени, а Оклахома сити го сврте резултатот во своја полза и стигна до голем триумф на почетокот на оваа плејоф-серија.
Вестбрук го заврши натпреварот со 27 поени, 12 асистенции и седум украдени топки, Кевин Дурант постигна 26 поени, а Адамс оствари дабл-дабл од 16 поени и 12 скока. Стеф Кари со 26 и Клеј Томпсон со 25 поени беа најефикасни кај Голден стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)