| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна едукација за вино за вработени во повеќе македонски винарски визби

Здружението „Вина од Македонија“ денеска организира доделување на дипломи на претставници на различни македонски винарски визби за успешно завршената интернационала програма „Вајн енд спиритс едукејшн траст Лондон“ (Wine and Spirits Education Trust London – WSET).

Едукативната програма ВСЕТ претставува меѓународно признаена едукација за вино со која 55 вработени од различни македонски винарски визби добија со исклучителни знаења во областа на интернационалниот вински пазар, кои ќе ги користат во унапредување на извозот на македонското вино.

На настанот обраќања ќе имаат Георги Петрушев, директор на Здружението „Вина од Македонија“, Марко Тигелман, вински советник за Македонија од Холандската Агенција ЦБИ, кои ја подржаа оваа едукација за македонските винарски визби и Срѓан Лисац, овластен провадјер за едукативната програма ВСЕТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top