
Приватните возови се новиот симбол за богатство, а Majestic Imperator Train de Luxe би требало да биде “кочија” скроена по ваш избор… секако, ако уживате во беспрекорниот луксуз. А овој тотално луксузен експресен воз е базиран на возот Imperial, којшто бил во сопственост на австроунгарскиот император Франц Јозеф Први и неговата сопруга Елизабета, во далечната 1891-ва година. Но, не дозволувајте оваа старинска инспирација да ве измами – новата креација ја содржи целата модерна технологија во којашто милионерите уживаат и која им е потребна за време на едно патување.

А дали се прашувате што сè може да правите во еден луксузен воз? Па, ние имаме неколку идеи за вас…
Домашните забави се секако демоде – одбележете ја оваа година со организирање на забава во воз! Може да повикате до 300 луѓе коишто ќе имаат можност да уживаат во седум вагони. Забавата можеби ќе биде old-school, но на најдобар можен начин, “зачинето” со врвниот луксуз на старите денови.

Дали сте слушнале за Убиство во Ориент Експрес? Па, зошто и вие да не организирате една тематска забава од овој тип? Сега кога имате луксузен воз, може да уживате во префинетиот гламур и да остварите и некоја своја идеја. Сигурни сме дека лудо ќе се забавувате.

А дали ви се допаѓа идејата за венчавка во движење? Овој воз ви нуди сосема доволен простор за вас и вашите пријатели и семејство, така што ќе може да го кажете своето судбоносно “да” и да го направите свадбениот прием токму во еден луксузен воз. А технологијата којашто ви ја нуди овој воз ќе ви обезбеди уживање во сите погодности коишто ги нудат единствено само врвните ресторани.

И сега, кога веќе имате неколку предложени идеи, а сигурни сме дека веќе имате и грст свои, ви требаат уште само 10.059.670 долари за да го купите овој воз. Цената вклучува и 100% сопственост на компанијата Majestic Train de Luxe, антиквитетите коишто се наоѓаат во возот, менаџмент тимот и персоналот, како и сите неопходно договори.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


