| четврток, 6 декември 2018 |

Мала утеха за Антиќ, избран во топ-5 најдобри потези на финалето (видео)

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ синоќа пропушти шанса по третпат да се заќити со титулата европски шампион откако во финалето со неговиот Фенербахче загуби по продолжение од ЦСКА Москва со 96-101.

Со своето издание, поранешниот македонски репрезентативец беше еден од најдобрите на теренот воопшто, а ако Фенербахче победеше, веројатно ќе ја добиеше и МВП наградата. Дури 11 од своите 16 поени Антиќ постигна од линијата за слободни фрлања, а освен тоа имаше и една тројка и едно атрактивно забивање. Токму забивањето се најде на четвртото место во изборот на топ-5 потези што синоќа ги објави Евролига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top