| четврток, 6 декември 2018 |

Уште тоа не била: Анџелина Џоли станува политичарка

Холивудската актерка и режисeрка Анџелина Џоли ја изненади јавноста со изјавата дека размислува за тоа да почне да се занимава со политика, јавија странските медиуми.

– Кога се занимавате со хуманитарна работа, свесни сте дека политиката мора да биде земена предвид, затоа што доколку сакате да направите големи промени мора да бидете подготвени и да преземете одговорност – изјави неодамна Џоли.

Американските медиуми коментираат дека, како што се чини, на политичката сцена во Америка има место за луѓето што немаат допирни точки со политика , а по бизнисменот Доналд Трамп, на американската политичка сцена, по се судејќи, ќе зачекори и Анџелина Џоли. Весниците веќе на големо пишуваат дека актерката веќе ја ангажирала политичарката Арминка Хелиќ за да ја упати во светот за кој таа сѐ уште не знае доволно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top