| четврток, 6 декември 2018 |

Пет производи кои му штетат на организмот

производ

Потребно е да ги препознавате и избегнувате производите кои поради лошиот нутритивен состав никако не би смееле да се најдат во вашата кошничка за пазарење. Здравата храна е мудар избор, но кога ќе влеземе во продавница, често во кошничката ставаме производи кои е попаметно да ги избегнуваме и кои поради лошиот нутритивен состав на нашето тело му прават голема штета.

Еве пет производи кои би требало да престанете да ги купувате:

Бомбони – нутритивна вредност речиси и немаат, но затоа се преполни со шеќер, засладувачи и ароми кои се штетни за нас. Толку шеќер брзо го крева нивото на гликоза во крвта и дава удар на енергија, но еднакво брзо и исчезнува и не прави уморни.

Чипс – енергетска бомба која навистина не ни треба, бидејќи чипсот се  пржи во растително маслo и впива многу заситени масни киселини, кои се лоши за срцето и крвните садови. Покрај тоа во производниот процес се создаваат потенцијално канцерогени состојки кои остануваат во чипсот. Чипсот е преполн со соли кои го зголемуваат ризикот за висок крвен притисок. А  ако обожувате чипс, купете некоја овошна или зеленчукова варијанта или направете си сами дома.

Газирани пијалоци – ароми и засладувачи, кофеин, фосфорна киселина…тоа се состојки на пијалоците на кои пишува дека се направени од овошје, но не се. Тоа е нутритивна и здравствена катастрофа која навистина треба да се избегнува.

Виршли – преполни со соли и холестерол, а покрај тоа со бои и ароми, направени од животински остатоци и се многу лоши за здравјето. Нитритите кои служат за конзервирање во желудникот преминуваат во канцерогени соединенија а се поврзани со појавата на карцином.

Пуканки за микробранова – пуканките инаку се здрава храна која може да ја јадете во поголема количина, но оваа варијанта спаѓа во најнездравите можни оброци. Процесот на подготовка во микробранова прави многу лоша работа – хемикалиите од кесичката се пренесуваат во пуканките и се акумулираат во телото, со канцероген ефект. Се разбира има и многу соли и заситени масни киселини. Не бидете мрзеливи, купете пченка и направете си пуканки дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top