| четврток, 6 декември 2018 |

Од Нова Година поскапување на сите производи во продавниците низ Македонија

Покачувањето на акцизата на нафтата која од наредната година ќе ја дигне цената на дизелот во малопродажба за 3,5 денари по литар ќе биде вистински ценовен шок за граѓаните, пишува порталот Економски.

Покрај тоа што ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил, ќе се покачат и цените на сите останати производи, бидејќи најголем дел од компаниите користат нафта за транспорт на производите. Па така, се очекува од наредната година секој производ во продавниците да биде поскап.

Кога станува збор за семејствата, барем оние кои користат нафта за транспорт, акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет.

Едно семејство кое во просек троши 70 литра дизел месечно, сега ќе треба да плати 245 денари повеќе секој месец. На годишно ниво, тоа би изнесувало нешто помалку од 3.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top