Германски научник и добитник на две признанија Нобелова награда во подрачјето на физиологијата, Харалд цур Хаузен, предупреди дека слабо проучен вирус, кој се наоѓа кај кравите, може да предизвика рак кај луѓето!
-Сметам дека домашните животни може да бидат директни предизвикувачи на рак на дебелото црево кај луѓето. Располагаме со експериментални податоци што одат во прилог на оваа хипотеза. Но, ова допрва треба да се потврди, вели Харалд.
И други научници претходно предупредувале дека консумирањето на црвеното месо (говедско, телешко, коњско, овчо, свинско) го зголемува ризикот за добивање колоректален рак.
Но, Харалд тврди дека опасноста не доаѓа само од говедското месо, а колку и да изгледа тоа неверојатно, тој вели дека тоа може да се добие и од кравјото млеко!
„Традиционалното објаснување е поврзано со подготовката на месото на скара, од каде што се изведени тврдењата дека тоа доведува до формирање канцероген“.
Оваа теза губи од својата моќност поради тоа што ист таков канцероген се формира и во моментите на пржење риба и пилешко месо, а никој не смета на тоа дека употребата на месо од животни и риби со подолг животен век го зголемува ризикот од добивање рак на дебелото црево“, нагласува научникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.