| четврток, 6 декември 2018 |

Објавена снимка од најмасовната тепачка на најголемите гробишта во Европа (видео)

Масовна тепачка на околу 400 луѓе на најголемите гробишта во Европа е снимена  со камери од обезбедувањето.

Камерите на московските гробишта Хованској снимиле голема група луѓе кои прво се подготвувале за судир, а потоа и се судриле. На снимката се гледаат неколку вооружени луѓе со автоматско оружје, па се претпоставува дека тие се виновни за смртта на две лица.

Извештаите на медиумите и полицијата за овој настан не се поклопуваат, руските власти истакнуваат дека во тепачката учествувале околу 200 лица и дека има тројца загинати, додека руската агенција Тасс навела дека се судриле дури 400 лица и дека двајца мажи настрадале.

Полицијата соопштила дека уапсила 90 лица осомничени за тепачката во која се повредени 25 лица. Се верува дека судирот настанал помеѓу мигрантските групи кои работат на гробиштата, околу тоа кој ќе биде надлежен за поделба на работата на гробиштата со површина од 200 хектари и околу милион гробови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top