| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на Евровизија: Голи фотографии… (видео)

1dc037d9531b263337ac16ff420095ca

Фотографија на која претставникот на Русија на Евросонг позира потполно гол во друштво на девојка врзана за радијатор со пила во забите предизвика лавина реакции и обвинувачки текстови во британските таблоиди, како и тврдења дека станува збор за порно снимка која го предизвикала вниманието и на самиот руски политички врв.

Како што тврдат британските таблоиди “The Sun” и “Daily Mail“, во прашање се порно фотографии на рускиот претставник Сергеј Лазарев кој до самото финале беше фаворит, а по гласањето го зазеде третото место.

Но, ПР тимот на лазарев се огласи по објавените текстови на западните таблоиди и рече дека фотографиите се направени во 2008 година за уметничкиот проект „Познатите против насилството во семејството“.

Британските медиуми отидоа уште подалеку во своите тврдења па дури изнесоа и податок дека Кремљ знае за спорната фотографија, како и дека токму од Кремљ минатиот месец се обиделе потполно да ги избришат од интернет за да не ја загрозат кариерата на рускиот пејач.

Наводно, постојат и други фотографии на кои Сергеј позира гол, а кои завршиле на геј порно сајтови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top