| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон и Розберг се судрија, Ферстапен стана најмладиот победник во историјата на Ф1 (видео)

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на денешната трка за Големата награда на Шпанија, со што стана најмладиот возач кој победил на трка во Формула 1.

Холанѓанецот Ферстапен има 18 години и седум месеци, а денес го сруши рекордот на Себастијан Фетел, кој првата победа во Ф1 ја имаше остварено на возраст од 19 години и 2 месеци.

На трката на патеката „Каталуња“ во Барселона, 18-годишниот Ферстапен го искористи инцидентот во кој учествуваа двата болида на Мерцедес, при што Луис Хамилтон и Нико Розберг, кој стартуваа од првиот ред, ја завршија трката уште во првиот круг по меѓусебниот судир.

За Ферстапен ова е прв триумф во неговата 24 трка во Ф1. До тронот во Барселона стигна со време од 1:41:40.017 часа.

Второто и третото место го освоија возачите на Ферари, Кими Раиконен и Себастијан Фетел.

Бодови освоија уште и Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Карлос Саинс, Серхио Перес, Фелипе Маса, Џенсен Батон и Данил Квјат.

Во Генералниот пласман и натаму во водство е Нико Розберг со 100 бодови, пред Раиконен со 61 и Хамилтон со 57.

Следната трка во Ф1 е на 29. мај во Монако.

Погледнете го сударот на Хамилтон и Розберг:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top