| четврток, 6 декември 2018 |

„Амра“ ги соедини машките и женските стилови во еден

Младата Амра Исмани која креира под брендот „Амра“ (AMRA) ги претстави модните парчиња од својата прва колекција, вчеравечер на балконот во Музејот на современата уметност во Скопје, со што завршија модните вечери на студентите од Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“.

e832909a-6d8c-44ac-bd41-6c673401d14d

– Колекцијата го носи името „de-struo“ што во буквален превод значи уништување . Тоа „уништување” најдобро успеав да го претставам со различен микс на материјали и текстури, микс од стилови и спој на остри и меки форми. Мојата идеја е со оваа колекција да го прекршам правилото дека женската силуета секогаш треба да биде нежна и елегантна, односно дека облеката не треба да биде елемент со кој таа ја истакнува својата физичка убавина туку елемент кој го претставува начинот на кој таа размислува – вели Амра Исмани.

fd840781-0e6f-4cf0-8624-ba0af662138d

Таа додава дека користела материјали кои се карактеристични кај машката облека во комбинација со најженствениот материјал-свила за да се долови моментот на соединување на два спротивни стилови, односно машки и женски комбиниран во еден.

189a8413-f42e-4d7c-8446-583589eb3a74

Исмани креираше и чевли кои ја дополнуваат целата колекција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top