По посетата на Барак Обама и на „Ролинг стоунс“ во Хавана, Куба, гости беа модната куќа „Шанел“ чија модна ревија се одвиваше на улиците на главниот град.
Карл Лагерфелд, кој е креативен директор на оваа куќа уште од 1983 години, изјави дека го инспирирала културната разноликост и отвореноста на Куба.
Во првите редови на ревииите на Шанел во Куба седеа актерот Вин Дизел и супермоделот Жизел Буншен.
-Мислев дека е невозможно да се оствари сево ова. Но, одеднаш Куба стана локација за која говори цел свет. По посетата на петседателот и на музичарите, ние први ја носиме модата во оваа земја – изјави Лагерфелд пред ревијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.