| четврток, 6 декември 2018 |

Не треба секогаш да му се верува на GPS

Една Канаѓанка тоа го научила на потешкиот начин откако со автомобилот завршила во езеро. Како што пишува Торонто Сан, неименувана жена се обидувала да се снајде возејќи низ магла ноќе, но премногу се потпрела на својот GPS систем. Со автомобилот се спуштила низ рампа за бродови право во езерото Онтарио.

avt-ez-t2

За среќа, успеала да ги спушти прозорите и да го напушти автомобилот пред да почне да тоне.

Единствено повредена е нејзината доверба во модерната технологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top