| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот парламент го одобри Бриселскиот договор

ivica-dacic-ispitivanje-privatizacije-sumnjive-privatizacije-1352885030-198858Српскиот парламент со огромно мнозинство го усвои потпишаниот договор од Брисел за нормализирање на српско -косовските односи. За прифажање на Договорот гласаа 173 пратеници, против се изјаснија 24.

Пред гласањето претходеше целодневна седница во која се кршеа копјата дали е ова договор со ко се признава независноста на Косово, дали е велепредавство или е договор кој ја отвора иднината на Србија.

Премиерот Дачиќ во последното обраќање пред гласањето посочи дека како премиер ја преземал одговорноста во име на Србија, со што ги негираше обвинувањата дека тоа го сторил за лична корист.

-Јас и во текот на денешнава седница се уште добивам закани по телефон дека животот после ова ќе ми биде краток. Полесноми е да ги трпам навредите отколку да го гледам страдање на народот. Ако е тоа Србија со која вие се гордеете, тоа е Србија која според мене е срамна, додаде српскиот премиер, кој додаде дека со договорот не е „откажување“ од територијата која всушност, како посочи, била одземена во 1999.

Тој пред опозицијата отворено настапи дека всушност по повлекувањето на српската војска и полиција, по Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244, Србија нема со што да го брани суверенитетот на Косово, а сите претходни одбиени предлози- Ахтисари или Рамбује, кои како што напомена, за меѓународната заедница се предлози кои се одбиени и веќе немаат улога, ова е договорот кој што ќе ја однесе Србија напред.

– Додека Србија седи на маса има шанса и да ја поправи положбата, а кога ќе стане од масата губи сѐ. Само силна Србија може да води сметка и за Србите и за Косово и Метохија, додаде Дачиќ.

Неговиот настап неколку пати беше прекинуван со аплаузи и извици на одобрување од владејачкото мнозинство.

Според Дачиќ, со овој договор не добиваат само четирите општини на северот на Косово, туку во сите општини каде живеат Србите на Косово, за што тој отворено ги праша противниците во парламентот „Дали знаете дека на југот накосово живеат многу повеќе Срби отколку на северот?“.

Според договореното, како што додаде Дачиќ, а како што и од Брисел се најавуваше, ова е само почеток на долг низ преговори околу имплементација на договорот, како и за други прашања- енергетиката, телекомуникациите и останати прашања.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top