| четврток, 6 декември 2018 |

Со 17 години Грците ќе имаат право на глас

Владата во Грција подготвува измени на Изборниот закон, со кој правото на глас во земјата ќе се стекнува со наполнети 17 години, наместо 18, објави атинскиот весник „Вима“.

grcija-8(1)

Измените на Законот би можеле наскоро да се најдат пред Парламентот и да бидат усвоени пред летниот одмор на пратениците, пишува весникот. Покрај измената на старосната граница за стекнување на право на глас, ќе се промени и одредбата според која партијата победник на изборите сега по автоматизам добива 50 мандати, а останатите 250 се распоредуваат според пропорционалниот модел.

Се предвидува и намалување на „бонус пратениците“ од 50 на 30, така што ќе им припаднат на партиите или коалициите што ќе освојат повеќе од 40% од гласовите.
Ќе следат измени во големинате на изборните единици, така што една единица ќе може да дава најмногу до 10 пратеници.

Политичките аналитичари сметаат дека измените во Изборниот закон ќе уследат по објавувањето на извештајот на меѓународните кредитори за спроведувањето на реформите во Грција, по што во текот на септември ќе биде направена и реконструкција на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top