| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе потроши 93,6 милијарди евра за бегалците

Трошоците се за до крајот на 2020 година. Германскaта Влада очекува да потроши околу 93,6 милијарди евра до крајот на 2020 година за бегалската криза, пишува „Шпигел”, повикувајќи се на нацрт документ на Федералното министерство за финансии.

Пресметките ги вклучуваат трошоците за сместување и интеграција на бегалците. Германските власти направиле пресметки врз основа на пристигнатите мигранти за оваа година од 600 000 луѓе, 400 000 за 2017 година и по 300 000 за секоја од следните години до 2020 година. Берлин очекува 55 % од примените бегалци да имаат работа по пет години.

„Шпигел” наведува дека 25,7 милијарди евра ќе бидат потребни за исплата на надоместоци за невработени, пензии и други социјални плаќања на примените бегалци.
За јазични курсеви ќе бидат потребни 5,7 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top