Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во скандалозна изјава попладнево пред таканречените шарени револуционери се закани дека ќе паднеле жртви.
Ќе продолжиме да маршираме до победа. Се молиме да нема жртви, ни се смеат на ова хипи, со шарена револуција, но нека сфатат дека е тоа предупредување, ако треба ќе паднат и жртви, рече Калајџиев.
Професорот Калајџиев од СДСМ изминатиов период беше дел од толпата инструирана од Зоран Заев и опозицијата која веќе со недели ги вандализира објектите и спомен-обележјата низ Скопје и во дел од нив ја нападна и македонската полиција.
Калајџиев е универзитетски професор и ваквото вандалско однесување го прави во име на партија која 10 години е во опозиција, која ја втурна Македонија во длабока криза, а свесна за мизерниот рејтинг бега од избори и соочување со народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)