Финалето на 61. натпреварување за Песна на Евровизија ќе се одржи денеска во Глоуб арена во Стокхолм, а за најдобра песна ќе се натпреваруваат претставници од 26 држави.
Финалето ќе го отвори претставничката на Белгија, Лаура Тесоро со песната What’s the pressure. Следуваат претставниците од Чешка, Холандија, Азербејџан, Унгарија, Италија, Израел, Бугарија, Шведска, Германија, Франција,Србија, Полска, Австралија, Кипар, Литванија, Хрватска, Русија, Шпанија, Летонија, Украина, Малта, Грузија, Австрија, Британија и Ерменија.
Најдобрата песна ќе ја изберат стручно жири и публика од 43 држави учесници на овогодишниот Евросонг.
Според обложувачниците, најмногу шанси за победа има руската песна You are the only one, која ја изведува Сергеј Лазарев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.