| четврток, 6 декември 2018 |

Јуве со шампионска „петка“ ја заврши сезоната (видео)

Во воведниот натпревар од последното 38. коло во италијанската Серија А, фудбалерите на Јувентус на домашен терен ја декласирааа Сампдорија со 5-0 и ја прославија новата титула со своите навивачи.
Јувентус поведе уште во 5. минута со голот на Евра.На 2-0 зголеми Дибала од пенал во 14. минута.

До крајот на првото полувреме Дибала постигна уште еден гол, во 37. минута за водство од 3-0.

Најубавиот момент на натпреварот беше во 77. минута, кога Џорџо Кјелини постигна фантастичен гол од 15-тина метри, а точка на натпреварот стави стави Бонучи во 85. минута.

„Старата дама“ од пред неколку кола ја имаше обезбедено титулата, а неизвесноста останува околу 2. место кое носи директно учество во Лигата на шампионите, а за кое се борат Наполи и Рома.

Неизвесност владее и во долниот дел на табелата, каде Палермо или Карпи се борат за опстанок, додека Фросиноне и Верона веќе се второлигаши.

Двојки за последното:

Јувентус – Сампдорија 5:0
Наполи – Фросиноне
Сасуоло – Интер
Милан – Рома
Џенова – Аталанта
Киево – Болоња
Емполи – Торино
Удинезе – Карпи
Лацио – Фиорентина
Палермо – Верона

Табела:
1. Јувентус 91 бод
2. Наполи 79
3. Рома 77
4. Интер 67
5. Фиорентина 61
6. Сасуоло 58
7. Милан 57
…….
16. Удинезе 39
17. Палермо 36
18. Карпи 35
19. Фросиноне 31
20. Верона 28

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top