| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами израмни и изнуди мајсторка со Торонто (видео)

mia-tor-6-dragic

Eкипата на Мајами Хит синоќа на домашен терен го совлада Торонто Репторс со 103-91, со што израмни на 3-3 против канадскиот тим во полуфиналната серија на Источната конференција во НБА плејофот. Решавачкиот, седми, натпревар ќе се игра во Торонто.

Горан Драгиќ го одбележа синоќешниот натпревар на Флорида. Словенецот постигна личен рекорд во плејофот, постигна 30 поени, а имаше и 7 скокови и 4 асистенции.

Кај Торонто, Лори постигна 36, а Дерозан 23 поени, но остатокот од тимот имаше катастрофален учинок, погодија 14 од 34 обиди и постигнаа вкупно само 32 поени.

Кај Мајами покрај расположениот Драгиќ, искусниот Двејн Вејд одигра одлично во одбраната, а имаше и 3 блокади. Мајами успеа да го надополни хендикепот под кошевите, за потсетување, играат без повредениот Вајтсајд. Имаа два скока помалку од противникот. Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра форсираше игра со пониска петорка на теренот, што на крајот се покажа успешно.

Мајсторката ќе се одигра утре вечер во Торонто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top