| четврток, 6 декември 2018 |

Страв и трепет: Кина се потпиша на Пацификот со „Убиецот на Гвам“

Експертите во американската војска се загрижени поради кинеската балистичка ракета “DF-26” која што има домет од 3 илјади до 5 илјади километри и претставува сериозна закана за речиси сите американски воени бази на Пацификот.

Американската армија ракетата ја нарекла „Убиецот на Гвам“, затоа што досегот на кинеската балистичка ракета ѝ овозможува напад на американската воздушна база „Андерсон“ на островот Гвам.
Експертската комисија на американскиот Конгрес изработила извештај оваа седмица со кој предупредува на големата опасност од оваа ракета и секако, порастот на тензиите помеѓу САД и Кина после неодамнешната провокација, односно приближувањето на американскиот воен брод – разурнувач до кинеските вештачки острови во Јужното Кинеско Море.

tocka-196094

Извештајот предупредува дека унапредувањето на “DF-26” ракетата претставува кулминација на деценијата на развој на кинески конвенционални балистички ракети“ и дека Кина со тоа демонстрирала одлучност и понатаму да ги развива своите опции за удари на далечни мети.

Станува збор за исклучително стратешки важно оружје кое би можело да го неутрализира американското воено упориште на Пацификот. Американските стратешки планови за безбедност и стабилност на тоа подрачје се зависни од воздушната база „Андерсон“ во која се сместени околу 6 илјади припадници на американската армија, пренесува „СиЕнЕн“.

Во базата се сместени бројни ескадрили на модерни борбени авиони и стратешки „невидливи“ бомбардери. Пред развојот на “DF-26”, Кина не можеше да изврши директен удар на Гвам без користење на бомбардери со кои што американската база може лесно да се справи. Според американскиот воен институт “RAND”, напад од 100 “DF-26” ракети на островот Гвам би ја онеспособиле воената база „Андерсон“ најмалку 11 дена.

kina-mokjno-oruzje-pacifik-tocka-2016-01

Иако можеби не се чини дека тоа е многу, сепак станува збор за „дупка“ од 11 дена, период во кој Кина би можела без пречки да оствари било каква стратешка цел на Пацификот, а тоа според Американците претставува голема закана за стабилноста на тоа подрачје.

Аналитичарите предупредуваат дека и долгиот „нос“ на ракетата може да содржи и систем за наведување превземен од постарата генерација од балистичката ракета “DF-21D” ракетата, наменета за напад на носач на авиони, со што дополнително би ја загрозиле американската воена присутност на Пацификот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top