Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на најдобар можен начин на круниса фантастичната сезона во хрватскиот шампионат постигнувајќи хет-трик на последниот натпревар за Интер Запрешиќ во победата над Осијек од 4-.
Со вкупно 25 гола оваа сезона тој е убедливо најдобар стрелец пред тор на листата на најдобрите стрелци. Втор на листата на најдобрите стрелци е уште еден македонски интернационалец, Музафер Ејупи, кој има 15 гола пред утрешниот дуел на Славен Белупо против Сплит.
Гол серијата ја отвори во 40-та минута, во 51-та зголеми на 2-0, но Осијек се врати и изедначи на 2-2, но никако не најде решение за Несторовски, кој со голот во 85-та минута му ја врати предноста на Интер и го комплетираше својот хет-трик. Боцкај во судиското продолжение ги постави конечните 4-2.
Inter-Zaprešić – Osijek 4-2, I… by dm_525b2245553f8
Добрите игри на Несторовски во хрватскиот шампионат беа доволна препорака челните луѓе на Палермо од Серија А лигата да го доведат во своите редови за следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)