| четврток, 6 декември 2018 |

Барале убијци доброволци меѓу публиката – се јавиле петмина (ВИДЕО)

На милитантите на ИСИС како да им снемале идеи за убивање, па така во својот последен брутален поход честа за ликвидирање им ја препуштиле на доброволци од публиката.

isisisisss

Џихадистите петмината заробеници, чиј единствен грев бил говор против исламот, ги довеле на плоштадот во ирачкиот град Ниневех. Заробениците биле облечени во карактеристични одела за затворениците на ИСИС и биле натерани да лежат на земја.

Снимката потоа ги прикажува проповедниците на ИСИС како на бројната публика ѝ објаснуваат зошто луѓето биле осудени на смрт. На општо изненадување, потоа прашал дали има доброволци кои ќе ги убијат заробениците.

Секако, петмина тинејџери со воодушевување ја прифатиле таа задача и ги убиле луѓето. Дури и подоцна при славење пукале во воздух.

Сето ова се случувало само неколку дена откако било откриено дека милитантите на ИСИС ликвидирале 40 свои дезертери на најлош можен начин. Имено, ги закопале живи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top