Охрид деновиве е домаќин на научен собир на тема „Праисториски мочуришта и езера“, што се одржува во организација на македонскиот Центар за праисториски истражувања.
Четириесеттина преставници на научни институции, археолози и стручњаци од повеќе европски држави и од регионот на собирот во Охрид што ќе трае до 17 овој месец ќе разменуваат практика и знаења од областа. На свеченото отварање одржано синоќа пред учесниците на научниот собир предавање одржа археологот Паско Кузман, кој се осврна на праисториските наколни живеалишта во Македонија и за праисториската населба во Заливот на коските кај Градиште на Охридско Езеро.
Инаку, научниот собир во Охрид е дел од меѓународен проект што се реализира во партнерство со Универзитетот во Берн, рускиот Државен Ермитаж од Санкт Петерсбург, Националниот универзитет од Киев и македонскиот Центар за праисториски истражувања.
Проектот е поддржан и од Швајцарската национална фондација за наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.