| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденска изложба на дела од учениците од „Лазар Личеноски“

Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ организира  изложба на која ќе бидат претставени дела на учениците, а инспирирани од претстојните велигденски празници, изработени во најразновидни материјали и техники: порцелански и гипсани јајца, икони, цртежи, слики,…

naslikano jajce od ucenici

gipsano jajce od ucenici

_DSC5057 copy

jajce od gips

Покрај изложбата, во рамките на оваа свеченост ќе биде промовиран новиот мурал, изработен во училишниот хол, насловен како ДОЛАП (според познатото дело на нашиот патрон Лазар Личеноски), а изработен од учениците од одделот за Применето сликарство, ќе се промовира на официјалната веб-страница на училиштето  (www.lazarlicenoski.mk), како и промоција на новиот оддел Мултимедија. Со воведувањето на новиот оддел Мултимедија и воопшто новите наставни програми, училиштето ќе прерасне во лидер во регионот, а воедно образувањето на вакви кадри ќе се вклопи во новите дизајнерски форми како и потреби во пазарот на трудот.  Одделот Мултимедија претставува голем чекор напред во светот на дигиталната уметност или уметност во која главна алатка е компјутерот.

Изложбата ќе се отвори на 2 мај во 12 часот и таа има продажен карактер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top