
Ајакс во последното коло од холандскиот шампионат ја испушти шампионската титула, која замина во рацете на лутиот ривал ПСВ Ајндховен. Франк Де Бур и фудбалерите пропуштија голема шанса откако ремизираа на гости против претпоследниот тим на табелата, Де Графшап, а тоа конкурентите умееја да го искористат.
По овој неуспех, Франк де Бур си заминува од кормилото на Ајакс.
– Ајакс ми ја даде шансата да бидам тренер на сениорскиот погон и јас ќе бидам вечно благодарен за тоа. Работев напорно, освоивме титула минатата сезона, а оваа бевме на чекор да го одбраниме трофејот. Но, на крајот работите не излегоа според нашите планови. Во таква ситуација, тренерот секогаш си заминува. Не знам каде ќе работам следната сезона, можно е и да одморам една година, но Ајакс секогаш ќе биде мојот клуб – изјави Франк Де Бур при заминувањето.
Англиските медиуми го споменуваат Франк Де Бур како еден од главните кандидати за менаџерската позиција во Евертон. Роберто Мартинез имаше слаба сезона со „карамелите“ и се најавува негова смена, а де Бур би можел да пристигне на „Гудисон Парк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Каков татко, таков син: Клајверт јуниор со три прекрасни гола запиша хет – трик за паметење (видео)
-
Малдини: Милан е способен да се врати во Лигата на шампионите следната сезона
-
Фудбалерот на Ајакс кој колабираше, има сериозни оштетувања на мозокот


