| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт е веќе во финалето на западот, Торонто на чекор до дуел со Кливленд (видео)

golden stejt

Актуелниот НБА шампион екипата на Голден стејт втора година по ред се пласира во финалето на западната конференција.
Стеф Кари и другарите во пет меча ја завршија работата против Портланд во полуфиналето, а клучен за конечниот успех беше последниот меч одржан на теренот на Голден стејт кој домаќините се намачија, но победија со 125-121.

Клеј Томсон и Стеф Кари очекувано ги предводеа Вориорс со 33 поени, односно 29 поени и 11 асистенции на старо-новиот МВП во НБА-лигата. Демијан Лилард со 28 поени беше најдобар кај Портланд, додека Си Џеј Мекалум реализираше еден помалку.

На Истокот, пак, Торонто го совлада Мајами со 99-91 и со 3-2 во серијата стигна на чекор од првото финале во клупската историја во источната конференција.
Демар Дерозан и Кајл Лауир го доводоа Торонто на чекор од финалето на Истокот. Дерозан постигна 34 поени, а Лаури 25 поени. Дерозан стана и рекордер на Репторси со 13 натпревари со најмалку 20 поени во плеј-офот, а само оваа сезона имаше шест такви настапи.

Мајами беше предводен од Вејд со 20 поени, 7 скока и 4 асистенции, а по 13 поени постигнаа Горан Драгиќ и Џејсон Ричардсон, додека Луол Денг ги промаши сите осум шута од игра, а потоа се повреди, што е дополнителен проблем за Мајами затоа што веќе е повреден центарот Ватсајд.

Шестиот меч меѓу Торонто и Мајами се игра на Флорида, ноќта меѓу петок и сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top