Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ 30 минути пред полноќ ги достави кандидатските листи за изборите закажани на 5 јуни 2016 година.
Доставија листа од 123 предлог-кандидати за 6 изборни единици, од кои 49 се жени, 74 мажи.
ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука на Централниот комитет и ИК партијата да продолжи во преговорите за решавање на поличката криза, изјави Владимир Неловски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ како овластен преставник за доставување на кандидатските листи до ДИК.
Носители на листата на Коалицијата за подобра Македонија се:
Никола Груевски – ИЕ 1,
Никола Попоски – ИЕ 2,
Илија Димовски – ИЕ 3
Никола Тодоров -ИЕ 4
Антонио Милошоски – ИЕ 5
Влатко Ѓорчев – ИЕ 6.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)