Новата диета која е многу актуелна е се вика Сиртфуд диета или диета со вино и чоколада.
За да сфатиме како дејствува Сиртфуд диетата, потребно е прво да знаеме што се сиртуини. Нив можеме да ги замислиме како малечки молекули, поточно протеини што ги создава нашиот организам. Кога ќе помислиме на протеини, често мислиме на месо и месни производи, млеко, јајца и соја; лицата што внимаваат на својата тежина или кои што се занимаваат со бодибилдинг.
Протеините имаат голем број улоги во организмот освен што создаваат мускулна маса; тие се одговорни за создавање на разни ензими, делови од клетки, тие се дел од имунолошкиот состав и од сите органи во телото.
Протеините навистина ги има насекаде, а интересно е тоа што не ги внесуваме само преку храната.Како што човечкиот организам создава протеини на сличен начин ги создава и сиртуините. Тие се наоѓаат во сите живи суштества и потребни се за голем број важни биолошки процеси како што се стареењето, регулирањето на циклусот на клетките, содејствување во процесите на воспаленија и метаболизмот. Постојат седум различни сирутин протеини кај цицачите од Сирт1 до Сирт7.
Моментално постојат научни истражувања што говорат дека сиртуините ги штитат клетките од умирање и кога се под стрес. Сепак потребни се дополнителни истражувања кај луѓето за да се добие подобра слика за тоа како функционираат.
Сиртфуд диета
Сега кога знаеме што се сиртуини, треба да се запрашаме зошто тие се важни за оваа диета. Приказната оди понатаму, а хипотезата е следна: се смета дека со настанувањето на разни сирт протеини, организмот се штити себе си од разни стресни ситуации. Основачите на оваа диета го земаа стресниот живот како една од константите што секојдневно не окружуваат и согласно на тоа пронашле храна што хиптетички го активира создавањето на повеќе сиртуини што секојдневно ќе не штитат, но и ќе го регулираат метаболизмот, ќе ја зголемат мѕускулната маса и ќе ги согоруваат мастите.
Што треба да јадете?
Вистински активатори на сирт протеините се чоколадата, кафето и црното вино, иако тоа не е се. Нема веднаш да се подмладите ниту пак веднаш ќе го намалите масното ткиво. Потребен ви е подолг период со наведената храна за да се покажат резултатите.
Како активатори на сиртуините се наведуваат и јаболката, аргумите, магданосот, копарот, боровинките, зелениот чај, сојата, јаготките, куркумата, маслиновото масло, кромидот и прокељот.
Оваа диета истовремено е и нискокалорична диета, со што се ветува нагло губење на килограми, но доколку не сме постојано дисциплинирани, и брзо враќање на истите.
Диета во две фази
Првата фаза е позната како хипер-успех фаза а вклучува седумдневен план што, според авторите, помага да загубите околу 3 килограми за една недела. Во првите три дена внесувањето на калории е ограничено на 1.000 калории дневно, а се состои од 3 Сиртфуд зелени сокови, плус еден целосен оброк од Сиртфуд храната. Од четвртиот до седмиот ден внесувањето на храна се зголемува на 1.500 калории, а се состои од 2 Сиртфуд зелени сокови и два обилни оброци од Сиртфуд храната.
Втората фаза е „14-дневна фаза на одржување“ во кој и натаму има континуиран процес на слабеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.