Граѓаните од Крива Паланка денеска добија СМС-покани за да им се приклучат на своите другари и другарки од другите градови и да вандализираат со балони во боја, како што пишува во пораката „Согласно насоките на СО“. Во пораката пишува дека оние што ќе излезат на улиците и ќе удрат по реформите, по субвенциите, по она што е изградено од нивни пари за нивниот подобрен живот биле храбри и праведни, а храбрите и праведните ќе бидат заведени, па кога СДСМ ќе дојде на власт ќе имаат приоритет при вработувањето.
Пред нецели шест години, на 18 декември во Валандово, како тогашен потпретседател на партијата-губитник, Зоран Заев исто така ветуваше работни места, се расфрлаше и велеше дека има за сите, од хигиеничар до братучед.
Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија.
Вака најави Зоран Заев каква ќе биде политиката за вработувања на социјалдемократите доколку некогаш се вратат на власт. Тој тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.
Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отворање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)